Никој не го очекуваше него на Олд Трафорд, освен Мурињо

Манчестер Јунајтед се одлучи на занимлив потег.

Менаџерот на Црвените Ѓаволи, Жосе Мурињо одлучи да го ангажира искусниот 35 годишен голан на Стоук Сити, Ли Грант, а оваа вест ја откри The Times.

„Мурињо го сака Грант како трет голман, позади Давид Де Геа и Серхио Ромеро. Сака да го доведе како слободен играч, но Стоук бара одреден надомест, бидејќи се соочуваат со губење на првиот голман Џек Бутленд, па Грант им е прв избор за наредната сезона“, пишува The Times.

Грант би потпишал едногодишен договор со Црвените Ѓаволи и без дилеми ова би било потпис на животот за него.

Грант кариерата ја започна во Дерби, а играл уште и за Шефилд Веднсдеј, Барлни, а од 2016 година е член на Стоук. За овој тим запиша 35 настапи во 2 сезони.