Совети за обложување: Домаќинот на СП со тешка мисија против Шпанија, Хрватска голем фаворит против Данска


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Kladenje.mk и денес ви нуди неколку типови за обложување.

Шпанија – Русија: 3+ (вкупно се постигнати три или повеќе гола)

Утре се игра осминафиналниот натпревар помеѓу Шпанија и Русија, а Шпанците се фаворити во дуелот, но сите знаеме дека Русија може да биде незгодна, а притоа игра и на домашен терен. Кога би ги погледнале нивните три последни меѓусебни дуели, на сите биле постигнати повеќе од три гола, па поради тоа се очекуваат многу голови и на овој дуел.

Хрватска – Данска: 1 (победа на Хрватска)

Хрватска одигра одлично во групната фаза на Мундијалот во Русија, па сега во осминафиналето ќе се соочи со Данска. Хрватите се очекува да победат бидејќи имаат навистина моќен состав, а тоа го докажаа и против Аргентина. Во групната фаза доминираа и завршија со три победи. Од друга страна, Данска има само една победа во групната фаза и останатите два меча ги одигра нерешено.

Кошарка: Холандија – Италија: 2 (победа на Италија)

Иако Италијанците си го обезбедија пласманот понатаму, сепак не би требало да дозволат да загубат од Холандија, која би можела да ги премине на табелата и да се искачи на првото место. Во нивните четири меѓусебни дуели може да забележиме дека Италија има победа на сите одигра дуели.

Кошарка: Словенија – Црна Гора: 1 (победа на Словенија)

Поразот на било која селекција може да значи и испаѓање од позиција, која води во следната фаза на натпреварувањето. Словенија беше подобра во првиот дуел против Црна Гора со 75-63, а сега се очекува повторно да го направат истото и да го обезбедат второто место во групата А. Во меѓусебните дуели, Словенија има две победи, а Црна Гора победила само еднаш.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk