„На никој не морам ништо да докажувам, треба да кренам глава и да уживам“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од фудбалерите, кој воодушеви со своите игри на Светското првенство во Русија, е дефанзивецот на Барселона, Џери Мина.

Одличниот Колумбиец постигна три гола и така влезе во историјата како дефанзивец, кој постигнал најмногу голови по Франц Бекенбауер.

Неговите игри не останаа незабележани и веќе се поврзува со голем број тимови бидејќи во Барселона немаше премногу настапи во минатата сезона.

„На никој ништо не морам да му докажувам. Бог ми даде талент, морам да кренам глава и да уживам во фудбалот“, кажа Мина.

За каталонскиот гигант Колумбиеот одигра само седум натпревари по доаѓањето од Палмеријас, но вакви игри сигурно ќе му донесат многу понуди.