Буфон откри кој го убедил да се пресели во ПСЖ

Легендарниот голман Џиџи Буфон истакна дека неговиот поранешен соиграч од Јувентус, Блаз Матуиди го советувал да се приклучи на ПСЖ.

Матуиди освои четири титули во Лига 1 со ПСЖ, а минатата сезона се приклучи на Јувентус како слободне фудбалер.

„Блаз е специјална личност, а емпатијата помеѓу нас е силна. Тој ме убеди да дојдам овде со зборовите ’Џиџи, нив им треба играч како тебе во Париз, ти ќе бидеш многу добар во нивната соблекувална’. За тоа нешто го послушав.“- коментираше Џиџи Буфон.