Нејмар ја прекина дилемата: Останувам во ПСЖ


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Нејмар пристигна минатото лето во Франција со една цел – да ја освои ЛШ. Сепак, клубот минатата сезона повторно изгуби во осмина-финалето, а Нејмар поради повреда го пропушти реваншот со Реал.

Овие денови повторно се поврзува со Реал Мадрид, баш како и минатото лето, а по тој повод уште еднаш одлучи да ги прекине сите шпекулации.

„Останувам овде. Имам договор со ПСЖ и бирам да оставам овде во нови предизвици, нови работи и поголеми цели. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, изјави Нејмар.

Да потсетиме Реал Мадрид пред неколку дена се огласи со соопштение во кое се наведува дека клубот не пратил понуда, ниту е заинтересиран за Нејмар, а доколку биде, најпрво ќе го обавести ПСЖ.