Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул на пријателски натпревар беше поразен од Борусија Дортмунд со 3-1. „Црвените“ имаа предност до 66. минута од дуелот, а потоа Пулишиќ израмни на 1-1 и на крајот германската екипа направи целосен пресврт.
По натпреварот продолжија критиките на голманот на Ливерпул, Лорис Кариус, а во негова одбрана застана поранешниот голман на Реал, Икер Касилјас.
„Дали овие напади на Кариус некогаш ќе сопрат? Зборувам за него како и за сите останати голмани. Има многу посериозни проблеми во светот. Оставете го детето на мир. Тој е само човек, како што сме и сите ние“, напиша Касилијас на Твитер.