„Големото“ засилување на Барселона заминува по само шест месеци!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стоперот на Барселона, Џери Мина, наводно е многу блиску до заминување во Евертон за 17 милиони евра.

Каталонците во јануари го платија 11,6 милиони евра, но тој одигра само пет натпревари до крајот на сезоната. Меѓутоа, ги импресионираше сите со настапите на Мундијалот во дресот на Колумбија, а постига три гола и тоа му ја крена цената.

Мина со „карамелите“ ги договори условите и се чека само потврда од Барселона, а тоа не би требало да биде никаков проблем.

Пред неколку дена Мина изјави дека ќе се бори за место во Барселона, но очигледно работите се сменија.