Ел Класико во новата сезона ќе го гледаме порано отколку вообичаено


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Новата сезона во Ла Лига почнува на 18ти август, а титулата ќе ја брани Барселона.

Денес е објавен распоредот на натпреварите за новата сезона, а актуалниот првак Барселона во првото коло на свој терен го дочекува Депортиво, додека Реал Мадрид пред своите навивачи ќе игра против Гетафе.

Секако, за прв пат Ел Класико оваа година ќе го гледаме без Кристијано Роналдо после цели 9 сезони.

Обично Ел Класико се игра на краот од декември и април, но овој пат дуелите меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе го гледаме порано од вообичаено.

Првиот натпревар ќе се игра на Ноу Камп на 18ти Октомври оваа година, кога Барселона ќе го пречека Реал, а другиот натпревар во Ла Лига ќе се игра во Мадрид на Сантјаго Бернабеу на 3ти март следната година.