Барселона доби конкуренција за голманот на Ливерпул!? (ФОТО)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Барселона е заинтересирана за Симон Мињоле, кој најверојатно ќе замине од Ливерпул бидејќи ќе биде трет голман на екипата по доаѓањето на Алисон на „Енфилд“.

Каталонците бараат голман кој ќе биде алтернатива на Тер Штеген, откако Јаспер Силесен реши да замине.

Барселона мора да побрза за да го ангажира 30-годишниот Белгиец, откако за неговите услуги на „Енфилд“ пристигна уште една понуда.

Турски Бешикташ е заинтересиран за неговите услуги, а „Скај спортс“ пишува дека тие почнале преговори.