Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повелете неколку совети за денес од Kladenje.mk.
Хајдук Сплит – Горица: 1 (победа на домаќините)
Хајдук катастрофално ја почна новата сезона, а најмногу критики доби нашиот интернационалец Мирко Ивановски, но конечно би требало да проработи нападот на екипата од Сплит, па се очекува победа против аутсајдерот Горица, со кого досега немаат одиграно меѓусебни дуели.
Торино – Рома: 2 (победа на гостите)
Римјаните купија еден куп засилувања летово, па најверојатно ќе им треба време за да се прилагодат едни на други, но во денешниот дуел Рома е фаворит против Торино. Во последните пет меѓусебни дуели Рома има три победи, додека двапати победил Торино, па се очекуваат и денеска големи возбудувања.
Сасуоло – Интер: 2 (победа на гостите)
Сите сакаат да ја почнат сезоната со победа во Серија А, а такво нешто сака и Интер, кој гостува кај Сасуоло. Интер имаше добар преоден рок, па се очекува да имаат големи успеси сезонава. Во последните пет меѓусебни дуели Сасуоло се покажал како незгоден противник и има дури четири победи против „нераѕурите“, но овојпат ситуацијата е поинаква, а останува да се види дали така ќе биде и на теренот.
Реал Мадрид – Гетафе: 1 (победа на домаќините)
Реал Мадрид лошо ја отвори новата сезона, откако загуби во европскиот Суперкуп од Атлетико Мадрид со 2-4, но „кралевите“ ќе се обидат да се вратат во игра и тоа токму на денешниот дуел против аутсајдерот Гетафе. Реал Мадрид има одлична серија против Гетафе, односно на последните пет дуели победиле дури пет пати.
Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk