„Балотели остана бидејќи Марсеј понуди ситно за него“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Ница синоќа потврди дека Марио Балотели нема да го напушти клубот и дека наредната сезона ќе го носи дресот на овој тим.

Балотели имал навистина голема желба да ја напушти Ница ова лето, а на крајот од минатата сезона дури и се опрости од навивачите. Иако имаше неколку интересни понуди, на крај не успеа да постигне договор со заинтересираните клубови.

Најголем интерес за Супер Марио покажа Марсеј кој со недели преговараше со Ница. Сепак клубовите на крај не успеале да се договорат околу обесштетувањето, а претседателот откри дека Марсеј едноставно не сакал да ја плати сумата која ја бараа Ница.

,,Марио сакаше во новата сезона да игра во Европа и беше спремен да замине. Повеќе од два месеци добивавме понуди од различни клубови, но не постигнавме договор. Марсеј нудеше најмногу, 2.5 милиони евра што за нас е неприфатливо.Подоцна го понудија Кабела во замена но и тоа го одбивме. Верувавме дека Марио вреди повеќе и понатаму така мислиме”- беше изјавата на претседателот на Марсеј.