Саудијци сакаат да влезат во Серија А, ќе добијат ли водечките клубови голем ривал?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Секако дека за Саудиска Арабија тоа се малку пари, ќе видиме како ќе завршат преговорите.
Според Информацијата на Италјанските медиуми уште еден клуб од Серија А би можел да добие странски сопственици.

Имено, неодамна после состанок во Џеда, саудијците расправаа за можноста да го купат некогашниот првак, освојувачот на КПК и финалистот во Лига на Шампиони, Сампдорија.

Тие се во сопственост на харизматичниот Фереро, човекот кој не знае ништо за фудбалот но парите ги заработи како продуцент и сопственик на кино.

Сампдорија фактурира годишно околу 100 милиони, а Фереро изјави дека за 180 милиони би се одрекол од клубот, односно би го продал на семејството од Саудиска Арабија.

Ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата, за нив тоа се ситни пари, но во последно време семејството Бин Салман се труди парите да ги остават дома односно да не вложуваат во странство. Сепак во прашање не е голема сума за нив па изгледа дека саудиските пари се на врата да влезат во Серија А.