ФК Ница им оддава почит на загинатите од терористичкиот напад во Ница

Почетокот на новата сезона во Франција екипата на Ница ќе го искористи за да им оддаде чест на жртвите во Ница кои загинаа на 14. јули.

Наместо вообичаените црвено-црни дресови, играчите на Ница ќе носат бели дресови на кои ќе бидат испишани имињата на 85 загинати во терористичкиот напад.

И управата ги замоли навивачите на тој натпревар да дојдат облечени во бело.

„Ништо неможеме да промениме, но мора да се опоравиме“ – истакнато е на сајтот на Ница