Фекир првпат се огласи за пропаднатиот трансфер во Ливерпул


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одличниот крилен фудбалер на Лион, Набил Фекир, летово беше блиску до трансфер во Ливерпул. Сега беше сè договорено, но не помина играчот на медицински прегледи.

Ливерпул се согласи да плати 53 милиони евра за Фекир, но на медицинските прегледи се појавила загриженост поради коленото на Французинот.

Поради тоа Ливерпул се обидел да ја намали цената, а на крајот трансфрот пропадна.

Денес 25-годишниот Фекир првпат јавно се огласи за пропаднатиот трансфер на „Енфилд“.

„Слушнав многу работи. Која е вистинската причина? Тоа го знаат само во Ливерпул. Таквите работи се случуваа. Мораме да тргнеме понатаму, тоа останува во минатото. Се помирив со фактот дека трансферот пропадна“, кажа Фекир.