Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, сака да го купи Маријано Дијаз од Лион, но за тоа ќе одлучи претседателот на клубот, Флорентино Перез.
Маријано во Лион пристигна токму од Реал Мадрид, а за само една сезона постигна 21 гол и привлече голем интерес.
Севилја сака да го купи Дијаз од Лион и нуди 30 милиони евра, па Реал би можел да заработи околу 12 милиони евра од трансферот бидеќи кога го продаваа му вметнаа клаузула, поточно да добијат 35% од следниот трансфер на играчот.
Перез е во голема дилема во моментов, па може да бира помеѓу лесна заработка или барањата на новиот тренер, кој сака да има квалитетен напад.
Дијаз има 25 години, а за првиот тим на Реал има постигнато пет погодоци на 14 натпревари во сезоната 2016/17.