Навивачите на Ферари баш се радуваа на атракцијата во Милано, но Ветел се уништи

Ферари пред трката на Монца одлучи да ги  израдува навивачите, така што организираше трка во Милано во која учествуваа Ветел и Кими Раиконен, но Ветел ја упропасти целата работа.

Тој при мала брзина се заби во оградата и на тој начин го оштети предното крило на својата формула, па еуфоријата помеѓу фановите брзо престана. Секако, овој гаф е баш чуден за возач кој е четворократен светски првак, но во оваа сезона му се случуваа повеќе чудни работи, па и поради тоа заостанува 17 бодови позади лидерот Луис Хамилтон.

Инаку, тркава во Монца е овој викенд, а се смета дека Себастијан Ветел е токму прв фаворит. Сепак, доколку вози како на улиците на Милано, нема да помине добро.