Маури: Лулиќ е прав лидер во тимот

Поранешниот италијански фудбалер Стефан Маури, кој најголем дел од кариерата ја помина во Лацио, коментираше за играта на Сенад Лулиќ.

Екипата на Лацио во рамките на 3. коло во Серија А на својот стадион го совладаа Фросионе, а еден од подобрите на теренот, според мислењето на Маури беше токму Лулиќ, кој го оцени како вистински лидер.

„На време дадовме гол и со тоа се створија многу шанси. Имаше грешки, веројатно од страв од неуспех, но важно е дека Лацио на крајот победи. Победата дојде во вистинско време, сигурно ќе допринесе за самодоверба кај играчите кои беа обесхрабрени после двата порази“, прокоментира Маури, па додаде:

„Лулиќ ги храбреше и ги туркаше само напред, Тој е прав пример за добар лидер на теренот“, кажа Маури, кој играше за Лацио од 2006. до 2016. година.

Да потсетиме, од минатата сезона Лулиќ ја носи капитенската трака во Лацио..