Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доминацијата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси во изборот за најдобар фудбалер најверојатно ќе биде прекината годинава.
Од 2008. година, Роналдо и Меси доминираат во изборот, но годинава Аргентинецот го нема помеѓу тројцата финалисти, додека Португалецот не е фаворит веќе подолго време.
Наградата најверојатно ќе ја освои Модриќ. Одличниот играч има одлични сезони во дресот на Реал Мадрид, а со Хрватска стигна до финалето на Светското првенство во Русија.
Неодамна Модриќ ја доби наградата за најдобар фудбалер во Европа. Таму ги победи во конкуренција Роналдо и Мохамед Салах, а тие му се конкуренти и за најдобар фудбалер.
Сите се убедени дека ќе се случи такво нешто и во изборот на „Златна топка“. Модриќ е голем фаворит за освојување на наградата.