„Ја критикував Бенфика поради Спортинг, а тие…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалскиот дефанзивец Фабио Коентрао е разочаран со однесувањето на управата на Спортинг Лисабон.

Коентрао минатата сезона ја помина на позајмица во Спортинг Лисабон од Реал Мадрид. А, се очекуваше тие да му понудат договор и да ја продолжат соработката, но тоа не се случи.

„Чекав до последен момент да му откупи Спортинг. На нив им се посветив минатото лето, ја критикував Бенфика поради нив, но не беа достојни да ми се јават на телефон“, кажа 30-годишниот лев бек.

Португалецот треба да дебитира за Рио Аве на 16. септември против Бенфика.