Поранешниот македонски репрезентативец потпиша за МЗТ Скопје


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Американецот со македонски пасош, Џеремаја Мејси е новото засилување на МЗТ Скопје откако денес потпиша 1-годишен договор.

Во Европа почна во 2005-та година во дресот на Лариса, а најдобро играше во Арис во 2008-ма година. Потоа Мејси се пресели во Реал Мадрид чиј член беше една и пол сезона, па се пресели во Обраидо.

Локомотив Кубан и Красние беа следните негови нови клубови, а во Европа има играно за Бросе Баскетс. Потоа следуваше преселба во Либан каде играше за Шампвил, Амчит и Ал Ријади. Следуваше потпис за аргентинскиот Депортиво Либертад од каде што стигна во МЗТ.

Мејси е поранешен репрезентативец на Македонија. Во црвено-жолтиот дрес дебитираше во 2008-ма година против Летонија, а последниот го одигра против Русија. На шест пријателски натпревари, Мејси имаше учинок 13.5 поени, 6 скока.

Мејси е шестиот кој потпиша договор со МЗТ после Клоф, Скот, Дреновац, Лучиќ и Симоновски.