Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Години наназад се води полемика околу тоа кој е подобар, Кристијано Роналдо или Лионел Меси.
Многу славни фудбалери предност му даваат на еден од нив, а за аргентинецот Карлос Тевез нема дилема- подобар е Роналдо.
Иако Меси е негов сонародник со кој играше во националниот тим, ја објасни причината поради која Кристијано Роналдо со кој играше заедно во Манчестер Јунајтед е подобар.
,,Меси никогаш го немам видено во теретана. Никогаш го немам видено дополнително да тренира или да работи на вежби за некои техники.
Нему му е се тоа природно, но знам дека тренираше пенали и сега ги шутира во точен агол”- рече Тевез, а потоа ги упати и сите пофални зборови за најдобриот фудбалер на светот.
,,Кристијано после тренингот е во теретана. За него тоа е опсесија и сака да биде најдобар во се. Кога имавме тренинг во 9 часот, јас доаѓав во 8 часот, а тој веќе беше таму. Дури и кога би отишол во 7.30 тој е веќе таму. Често се прашував: Како да го решам овој тип? Еднаш отидов дури во 6 часот изутрината и погодете кој беше таму? Беше поспан, но тренираше”- рече Тевез.