Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Доколку не се сменат многу работи, Пауло Дибала, зимава би можел да ги спакува куферите и да си замине од клубот.
Во последно време Дибала не игра многу. Во три настапи во Серија А сезонава, почна само еден, а еден целосно го пропушти.
Дека заминувањето на Дибала е вистински потег кажа и претседателот на неговиот поранешен клуб Палермо, Маурицио Ѕампарини.
„Ми доаѓа да плачам секој пат кога ќе видам дека Дибала е на клупата. Тоа е поради Масимилијано Алегри, кој глуми голем тренер. Нека дојде во Палермо и го освои Скудетото. Лесно е со Јувентус, тие се први и пред да почне сезоната. Верувам дека Дибала во јануари ќе замине во Шпанија“, кажа Ѕампарини.
Дибала се приклучи на Јувентус во 2015. година за 36 милиони фунти.