Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе за само две години стана еден од најдобрите играчи во светот.
На само 19 години младиот Французин е вистинска ѕвезда, а работите можеле да се одвиваат поинаку доколку во 2012. година потпишел за Челси.
„Беше на проба, но не успеа да не убеди да потпишеме договор затоа што беше многу слаб. Ја замоливме неговата мајка да дојде повторно, но таа го одби тоа“, кажа поранешниот скаут на Челси, Серж Даниел Бога.
Поранешниот скаут на „сините“ објаснува дека Мбапе имал голем квалитет, но не можел да игра во одбрана.
„Дефанзивно не постоеше. Беше неверојатен со топката, но без неа го немаше никаде. Сега е играч кој сакаат сите да го видат“, кажа тој.
Во моментов Мбапе вреди повеќе од 180 милиони евра, колку што ПСЖ му плати на Монако.