Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Реал Мадрид е тим кој не им дава премногу шанса на играчите од своите младински категории. Во однос на деведесетите години кога од школата на „кралевите“ излегоа големи имиња, во последните години младинците не се пробиваат до првиот тим на „Сантјаго бернабеу“.
Еден од тие кој бараше своја шанса сезонава е 21-годишниот напаѓач Борха Мајорал. Тренерот Хулен Лопетеги му ветил шанса во клубот, каде што требаше да биде прва замена за Карим Бензема.
Меѓутоа, Реал го врати Маријано Дијаз од Олимпик Лион, а младиот напаѓач беше позајмен на Леванте.
„Да не дојдеше Маријано, најверојатно ќе бев во Реал. разговаравме со Лопетеги две недели претходно и ми кажа дека ме сака во екипата. Две недели се вечност кога станува збор за трансфер периодот и можат многу работи да се случат“, кажа Борха.
Мајорал имал уште неколку понуди, освен таа од Леванте, па реши да им го открие тоа на медиумите.
„Имав опции да заминам во Леванте, Севилја и Алавес. Морав брзо да одлучам и видов дека Леванте е најдобар избро за мене“, кажа младиот напаѓач.