Мудар потег на Јувентус и мала тајна клаузула од договорот со Роналдо

Кристијано Роналдо вчера го постигна првиот гол за Јувентус во Серија А.

Португалецето не се запишуваше во листата на стрелци во првите три кола, но синоќа заблеска и ги постигна и двата гола за победа на Јувентус над Сасуола со 2:1.

Тоа се првите погодоци за Роналдо во официјалните настапи во новиот клуб каде пристигна ова лето за 117 милиони евра од Реал Мадрид и се чини дека ги ,,запали моторитe”. Погодоците сигурно многу го израдуваа, но би можеле да му донесат и дополнителен профит.

Имено, италјанските медиуми откриваат дека Роналдо со плата од 30 милиони евра годишно има и клаузула во договорот според која ќе заработи додатни 5 милиони евра бонус ако на крајот на сезоната ќе постигне во просек еден гол по натпревар.

Тоа би можело да биде дополнителен мотив за Роналдо да ја полни противничката мрежа, а вчера наговести дека е спремен иако многумина се посомневаа во него тврдејќи дека ,,поразлично е да се игра во Италија отколку во Шпанија”.