Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид и официјално ги објави имињата на четворицата капитени за сезоната 2018/2019 година.
Како и години наназад прв капитен остана Серхио Рамос, а негов прв заменик е Бразилецот Марсело, кој тоа и беше и минатата сезона.
Трет избор за капитен е Карим Бензема, а четврти Рафаел Варан, чие појавување на фотографијата предизвика големо изненадување помеѓу навивачите. Французинот го наследи Кристијано Роналдо кој замина за Јувентус.
Меѓутоа, поголемо изненадување е тоа што Лука Модриќ го нема помеѓу овие четворица. Фудбалерот кој беше прогласен за најдобар играч во Европа и СП во Русија, веќе со години е една од најважните карики во Реал, но очигледно не е толку важен за да ја добие траката.
Лука Модриќ веќе има искуство со капитенска улога, за тоа што последните две години е капитен на хрватската репрезентација, а останува да се види дали ова изоставување значи приближување кон крајот на неговата кариера во Мадрид.