Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алегри веќе има листа на желби.
Јувентус веке со години доминира во Италјанската Серија А.
Старата дама освои седум последователни титули, а како што ја започна новата сезона тешко дека некој ќе ги запре и оваа година на патот кон ново Скудето.
Сепак, цел на Бјанконерите е освојување на Лигата на шампионите за која чекаат од 1996 година, а раководството на овој тим прави се за да го засили тимот за овој поход.
Ова лето доведоа неколку засилувања меѓу кои и Роналдо, а веќе во 2019 година сакаат уште неколку големи имиња.
Како што наведува Калчомеркато, првата желба на торинскиот тим е фудбалеот од Реал, Иско. Тренерот Алегри веќе разговарал со челниците на тимот и им соопштил дека следното лето прв го сака Иско.
Покрај репрезентативецот на Шпанија, тренерот на Јувентус го сака и сјајниот француски фудбалер за врска, Нголо Канте, кој важи за еден од најдобрите светски фудбалери за врска во моментот.
Нивното доаѓање сигурно ќе го направи Јуве уште посилен и се чини дека овој тим не штеди пари на патот за освојување на Лигата на шампиони кој често им бегаше во последните две децении