Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Хрватскиот кошаркар, Јуре Лалиќ е новото засилување на МЗТ Скопје.
Се работи за центар кој минатата сезона ја помина во Крка, а кариерата ја почна во хрватскиот клуб, Амфора. Од Лалиќ очекувањата се да донесе цврстина во рекетот, а досега има играно за Задар, Шарлроа, Унион Олимпија, Цибона, Лукоил Академик и Зиелона Гора.
Лалиќ има освоено шест титули, по 2 во Словенија и Хрватска, по 1 во Белгија и Полска.