Џошуа го нокаутираше Поветкин (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ентони Џошуа ја одбрани титулата во тешка категорија, откако синоќа на „Вембли“ го нокаутираше Александер Поветкин во седмата рунда.

Уште во првата рунда беа забележани големи возбудувања. Џошуа добро го почна двобојот, па го погоди неколкупати добро ривалот, но Поветкин во финишот на рундата со одлична серија му врати на шампионот.

Русинот продолжи да го напаѓа Џошуа, а точно знаеше кога треба да го удри својот противник.

Џошуа се врати во четвртата рунда и успеа да му врати на Поветкин, а подобар беше Англичанецот и во петтата и во шестата рунда.

Во седмата рунда беше јасен победник, Џошуа со серија удари го нападна Поветкин, а потоа го нокаутираше за 22 победа во кариерата.