Неочекувано: Џошуа по борбата влезе во соблекувалната на Поветкин (ВИДЕО)

Англискиот боксер Ентони Џошуа синоќа ја одбрани титулата во тешка категорија.

Пред 80.000 гледачи во Лондон на „Вембли“ успеа да го победи 39-годишниот Александер Поветкин со технички нокаут во седмата рунда.

Поветкин одлично се бореше до крајот на седмата рунда, кога Џошуа го нокаутираше и го заврши дуелот.

По дуелот Џошуа побара да влезе во неговата соблекувална, а таму му се заблагодари на Русинот на одличната борба, па малку зборуваше со него.

Обично борците по вакви натпревари се арогантни, но Џошуа покажа дека е спортист за пример.