Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ игра добро во последно време, па поранешниот играч Тод Мартин, смета дека Србинот ќе има повеќе титули од Роџер Федерер и Рафаел Надал.
„Не сум изненаден со враќањето на Ѓоковиќ, кој кога е подготвен е најдобриот тенисер во светот“, кажа Мартин.
Мартин кажа дека не разбрал што се случило со Србинот лани, но знае дека Ѓоковиќ има голем мотив.
Србинот во Њујорк стигна до 14. грен-слем титула во кариерата, па за да го стине Федерер му требаат уште шест.
„Ако продолжи вака да игра уште неколку години, сигурен сум дека ќе ги премине Федерер и Надал“, кажа Тод.
Инаку, Србинот го очекуваат турнирите од серијата 1.000 во Шангај и Париза, како и завршниот турнир во Лондон.