Откриено кои играчи сакал да ги ангажира Мурињо


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Манчестер јунајтед лошо ја почна новата сезона, па веќе на неколку натпревари не знае за победа, а тренерот Жозе Мурињо се соочува со отказ.

Мурињо не беше задоволен со летните трансфери и сакаше уште неколку играчи, но управата не му го исполни барањето.

„Црвените ѓаволи“ летоска ги ангажираа само Фред, Диого Далот и Ли Грант, а тоа ги налути Португалецот.

Сепак, Фабио Капело вели дека знае кои засилувања сакал да ги ангажира Мурињо.

„Летово бев на состанок со Мурињо, на кој ми кажа дека ги сака Шкрињаер и Кулибали“, кажа Капело.

Сепак, таквата желба не му ја исполни управата и покрај неговото незадоволство.