Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, е повторно во центар на внимание во Ла Лига, откако постигна маестрален погодок од слободен удар.
Со неговиот прекрасен погодок погоди за 0-1 и му донесе триумф на Леванте против екипата на Гетафе.
„Среќен сум бидејќи постигнав гол, но најважно е што ги освоивме трите бода“, кажа Барди за шпанските медиуми.
Барди конечно го скрши малерот во Ла Лига и го заработи заслужуваниот погодок.