Манчестер Јунајтед и Ливерпул во трка за играч на ПСВ


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и Ливерпул се подготвуваат оваа зима да го донесат младиот фудбалер на ПСВ Ајндховен, Стивен Бергвијн.

Според „Спорт“ двата клуба ќе водат жестока битка во трката за 21 годишниот фудбалер на ПСВ кој оваа сезона на 13 натпревари има пет гола и четири асистенции за холандскиот тим.

Инаку репрезентативецот на Холандија до 21 година настапува на крилните позиции, а има договор со ПСВ до 2022 година.