Мурињо има ѕвер во гаража, но првиот автомобил никогаш не може да се заборави


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо во својата гаража има неколку автомобили кои вредат вистинско богатство, а најчесто вози Бентли или Јагуар.

Мурињо дури доби подарок и од Роман Абрамовиќ кој на португалскиот стручњак му купи Ferrari Scaglietti 612 само пет месеци откако му даде отказ во Челзи, а на автомобилот потроши околу 250.000 фунти.

Сепак, покрај сите овие луксузни автомобили кои ги поседува Мурињо, само еден има место во неговото срце. Имено, португалецот својот прв автомобил го добил во 1981 година, кога татко му му го купил откако го положил возачкиот испит, а тоа бил Рено 5.

,,Се сеќавам кога татко ми ми купи Рено 5. Имав 18 години и штотуку добив возачка дозвола. Беше сива боја и беше најдрагиот автомобил што некогаш сум го имал. Денешните автомобили се вселенски бродови за оние порано, но тие имаа некако душа”- изјави Мурињо.