Азар: Сари е подобар од Мурињо и Конте


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Најдобриот играч на Челси, Еден Азар и порано во неколку наврати јавно го фалеше својот тренер Маурицио Сари, но последната изјава ги надмина сите претходно.

Белгиецот со Челси освојуваше титули во Премиер лигата и под водство на Мурињо и Антонио Конте, но никогаш не му подобро за игра отколку во овие моменти под тренерска палка на Сари.

„Мислам дека тој е одличен менаџер. Кога играте фудбал, се што сакате е соработка со тренерите кои имаат филозофија како Сари. Тој навистина бара од нас да играме фудбал, во права смислам на зборот, а тоа е нешто што и јас го сакам“, започна Азар, па продолжи:

„Имавме одлични резултати и во минатото и откако сум тука не можам да кажам дека минатите менаџери беа лоши. Но, во смисла на убавината во играта, Сари е дефинитивно подобар од Мурињо и од Конте. Откако сум во Челси, никогаш не сме играле ваков убав фудбал со многу додавања и движење. Имаме добри играчи во тимот, ред е да го искористиме тоа на најдобар начин и за сега ни оди одлично“.

„Сари е тренер кој многу комуницира со играчите. Сака да се шали, а својата работа ја работи страствено. Тој човел навистина искрено се труди да ни го разубави тренингот и да уживаме во се“, додаде Азар.