Џиџи се враќа во мак фудбалот и ќе ја преземе Ренова


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот македонски стратег Никола Илиевски Џиџи е нов предводник на тетовскиот прволигаш Ренова.

Поранешниот македонски селектор на клупата на Ренова ќе го наследи Јетон Беќири кој си поднесе оставка поради лошите резултати на стартот на сезоната.

По неговото заминување Ренова успеа да запише две победи и реми, па така Илиевски веројатно во позитивна атмосфера ќе пристигне во Џепчиште.