Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот играч на Ливерпул, Маркус Бабел, вели дека ситуацијата во Манчестер јунајтед е смешна и дека едноставно не може да верува што им се случува.
Тренерот Жозе Мурињо се соочува со многу критики и според последните шпекулации би требало да замине од клупата, но за целата ситуација се огласи Бабел.
„Не е виновен Мурињо. Ако него го ангажирате, знаете што добивате. Сите се изненадени затоа што Јунајтед не игра напаѓачки. Тоа не е Мурињо. Тој игра дефанзивно и така освојува трофеи“, вели Бабел.
Инаку, „црвените ѓаволи“ во моментов се осми на табелата во Премиерлигата со 13 освоени бодови.