Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера француски „Л`Екип“ објави сензационална приказна и го потресе европскиот и српскиот фудбал, откако францускиот магазин наводно добил информации дека УЕФА натпреварот помеѓу Ц. Звезда и ПСЖ е наместен.
Набрзо по ваквите информации се огласи српската екипа, која ја демантираше приказната на францускиот медиум, а истото го направи и ПСЖ.
Денеска Ц. Звезда повторно се огласи и покажа надеж дека наскоро лицето ќе биде уапсено.
„Црвена Звезда уште еднаш ги отфрла приказните за нечесна работа на било кој член на нашиот клуб. Ние инсистираме на брзо решавање на случајот затоа што со ова се оштетува нашиот имиџ. Зачудени сме и нè загрижува фактот што таква информација од УЕФА се појавила во јавност“, соопштија од српскиот тим.