Гвардиола пресече, повторно ќе го руши клупскиот рекорд?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Изгледа дека Сити се решени во намерата да го реализираат трансферот кој би ги решил прашањата во вториот дел од сезоната.

Сите го посакуваат Френк Де Јонг и тоа не е новина.Барселона долго преговара, Тотенхем исто, но каталонците сметаат дека 50 милиони евра е најголемата сума која може да ја платат на Ајакс.

Сега се појави Гвардиола кој бара замена за Фернандињо, а 21 годишниот Де Јонг одговара на профилот на играчот кој го сакаат Граѓаните, а спремни се да победат со пари и да го срушат рекордот на клубот поставен летово кога Марез за околу 70 милиони евра дојде од Лестер.

Де Јонг би можел да биде платен некој милион повеќе доколку Сити сигурно ја добие битката со каталонците.

Сепак овде е и Јувентус, Раиола, неговиот менаџер работи и на тој трансфер но Јувентус би требало да платат повеќе од 50 милиони евра за веројатно најталентираниот стопер на денешницата.