Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пилотот на Ферари, Кими Раиконен триумфираше на трката за Големата награда на САД возена во Остин и со тоа се најде на највисокото место на подиумот по цели 113 трки.
Финецот во Остин, на 18 трка од годинешниот шампионат на Формула 1, славеше за прв пат по цели пет и пол години. Последната победа на Кими беше на Големата награда на Австралија возена во 2013 година. За Раиконен ова е прв триумф во Ферари уште од трката возена на Спа пред девет години.
Со оваа победа Раиконен стана најуспешниот Финец во историјата на Формула 1. Кими сега има 21 победа и со тоа го помина легендарниот Мика Хакинен кој има 20 победи во својата Ф1 кариера.
Инаку во САД втор на патеката заврши Ферстапен, додека на третото место се најде Луис Хамилтон. Затоа што Фетел заврши како четвртопласиран во Тексас, одлуката за титулата е одложена барем до следната трка која се води во Мексико.