Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Арсенал ова лето го промени тренерот, прв пат после повеќе од 20 години на клупата на Арсенал има ново лице. Арсен Венгер го напушти кормилото, а навивачите се надеваат дека Унај Емери може да го врати овој клуб на старите патеки.
Пред Арсенал, Емери беше тренер во ПСЖ, а неодамна изјави дека се обидувал да го доведе Лаказет во овој француски клуб.
Французинот доаѓа од Лион, каде играше во првиот тим од 2010 до 2017 година кога премина во Арсенал за 50 милиони евра. Долги години го посакуваа многу тимови ширум Европа, а меѓу нив беше и ПСЖ на чело со Емери.
,,Кога пристигнав во Париз ние размислувавме за доведување на Лаказет”- започна Емери.
,,Челниците на ПСЖ беа воодушевени од Лаказет и го сакаа во тимот. Постојано зборуваа за неговите квалитети и дека тој е играч за тој тим. Тој тогаш беше во Лион и не беше лесно никој да го однесе од тој тим, но тие се обидуваа.”
Емери исто така изјави дека тој одлично се прилагодил и дека игра одлични натпревари во Премиер лигата. Рече дека е пресреќен што го има во тимот и дека тој може уште повеќе да напредува.
27 годишниот напаѓач го одигра 49тиот натпревар за Арсенал и постигна 22 голови, Заедно со Обамејанг се главната пречка за сите противници.