Дечињата херои од пештерата во Тајланд во посета на Манчестер Јунајтед (Фото)


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Дечињата кои пред неколку месеци издржаа две недели во пештера во Тајланд и херојски беа спасени од нуркачка експедиција, денес го добија подарокот кој им беше ветен кога го преживеаја најголемиот пекол во животот.

Имено, од таборот на Манчестер Јунајтед уште тогаш објавија дека ќе им дозволат на дечињата и нивниот тренер да го посетат „Олд Трафорд“ и да присуствуваат на некој натпревар на клубот.

Сега дојде тој момент, па дечињата денес беа на прошетка низ „Олд Трафорд“, а утре ќе бидат присутни и на натпреварот против Евертон.