Сари испиша историја со Челси


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Иако Челси и во изминатите години знаеше да биде исклучително доминантен во Премиер лигата, никогаш не се случило да не доживее пораз во првите десет кола.

Оваа сезона Челси ја започна на одличен начин, а во првите десет лигашки натпревари победи во седум наврати и одигра три нерешени натпревари.

Единствен пораз на Сари на клупата на Челси е на неговото д еби, кога изгуби од Манчестер Јунајтед со 2-0 во Комјунити Шилд.

Челси исто така славеше  во досегашните натпревари во Лигата на Европа, а во Карабао Купот го победи Ливерпул на Енфилд.