Сјајниот играч на ПСЖ ќе мора на операција на слепото црево

Екипата на ПСЖ победнички ја започна одбраната на титулата во шампионатот за Франција, но по завршувањето на дуелот го изгуби големото засилување.

Во Париз пристигнаа неколку фантастични фудбалери, а најзвучно име е Хесе Родригез кој за нешто повеќе од 25 милиони евра пристигна од Реал Мадрид.

Синоќа Хесе дебитираше во Лига 1 против Бастија, но дебито нема долго да го памети.

Хесе ќе мора на операција на слепото црево бидејќи се пожалил на болки.