Од Каталонија на адреса на „Нероаѕурите“ пристигнуваат лоши вести?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер доживеа пораз во Каталонија од Барселона, која играше без Лео Меси.

Аргентинецот поради повреда на раката го пропушти мечот од третото коло во ЛШ против „Нероаѕурите“, но со погодоците на Рафиња и Џорди Алба, Каталонците славеа пред својата публика со 2:0.

Сега екипата од Милано има уште потешка работа, со оглед на тоа дека според последните информации, Меси е подготвен за реваншот на „Меаца“.

Најдобриот фудбалер на Барселона и еден од најдобрите на светот, се врати на тренинзите и се очекува да биде подготвен за мечот кој се игра следниот четврток на стадионот на Интер во рамки на четвртото коло во елитното натпреварување.

Барселона триумфално би можела да го завери својот пласман во следната газа, а Тотенхем и ПСВ со евентуален пораз на Интер би можеле да искористат и да се доближат до две бода минус.