Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Реал Мадрид има проблеми оваа сезона, и натаму се адаптираат на животот по Роналдо, а ќе имаат работа и скаутите кои се обидуваат да пронајдат вистински замени за споменатиот Роналдо, па и Модриќ, Крос, Бензема, Бејл, Марсело, Рамос и останатите кои веќе долго играат во овој клуб.
Смената на генерации се наближува и сите се свесни за тоа, тоа е една од причините зошто се доведени млади играчи во изминатиот период, а со тоа темпо ќе се продолжи и во следниот период.
Новата мета на Флорентино Перез е младиот шпански репрезентативец, Алфонсо Педраз, кој настапува за Виљареал и кој има откупна клаузула од 22 милиони евра.
Ова момче игра на позиција лев бек, и би бил природна замена за Марсело. Во Реал сметаат дека од него би можеле да направат играч од светска класа доколку се поклопи се, бидејќи несомнено 22-годишниот фудбалер има потенцијал за такво нешто.
Брз е, има чувство и за гол, како и асистенции, па често игра и на позиција левокрилен напаѓач.