Уште еден играч пред продолжување на соработката со Манчестер Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По Лук Шо, кој стави потпис на нов повеќегодишен договор со тимот на Манчестер Јунајтед, уште еден Англичанец ќе ја продолжи верноста со „Црвените ѓаволи“.

Искусниот, Ешли Јанг ќе потпише продолжување на договорот од една година, па и во наредниот период ќе го носи дресот на „Ѓаволите“.

Јанг е капитен на Манчестер Јунајтед во отсуство на Антонио Валенсија, и редовно е меѓу најдобрите играчи на теренот. Може да покрива на неколку позиции, а Мурињо најмногу го користи на левата и десната бековска позиција.