Дени Велбек се огласи по хорор повредата против Спортинг

Играчот на Арсенал, Дени Велбек објави фотографија со штаки, за прв пат откако доживеа хорор повреда на натпреварот од Лигата на Европа против Спортинг Лисабон.

Велбек го скрши десниот глужд и за него се предвидува дека сезоната е завршена, а во јавноста во Англија излегоа шпекулации дека може да ја заврши и кариерата, но тие веднаш беа демантирани.

„Назад дома. ви благодарам на сите за љубовта и поддршката. Нема сомнеж дека ќе се вратам посилен од претходно. Сега започнува процесот на заздравување“- напиша Велбек на социјалните мрежи.