Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Навивачите на Барселона се во шок, откако во јавност беше откриено дека Каталонците го одбиле Килијан Мбапе, иако имал можност да се пресели во нивната екипа.
Според поранешниот агент Жозеп Марија Мингуела, Мбапе бил понуден на Барселона во 2017 година.
Каталонците тогаш не сакале да платат 180 милиони евра, па решиле да го ангажираат Осман Дембеле, кој чинеше 140 милиони, но е големо промашување.
„Мислам дека Барселона скапо ќе ја плати оваа грешка и ќе жали цела деценија“, објасни агентот.
Сведок за ова е таткото на Французинот, кој му кажал дека условите за Барселона се различни, зашто неговиот син сака да игра со Лионел Меси.